78/1997-0-0

78/1997-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 21 мај 1997 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на Статутот на ДОО во приватна сопственост “Металпромет” – Скопје донесен од Управниот одбор на 23 март 1996 година и Статутот за измени и дополнување на ДОО “Металпромет” – Скопје донесен од Управниот одбор на 17 април 1996 година.

2. На Уставниот суд на Република Македоникја Димитар Дангов – адвокат од Скопје му поднесе барање за поведување постапка за оценување законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение, затоа што тие биле донесени од Управниот одбор на друштвото, а не од Собранието на друштвото кое според законот е надлежно да го носи статутот.

3. Разгледувајки ја иницијативата, Судот утврди дека согласно член 110 од Уставот на Република Македонија не е надлежен да одлучува по неа затоа што оспорените акти не претставуваат пропис.

Согласно на член 110 од Уставот на Република Македонија Уставниот суд одлучува за согласноста на закони со Уставот, и за согласноста на другите прописи колективните договори со Уставот и со законите.

Со оглед на тоа, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение

Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.78/97)

Leave a Reply