3/1997-0-0

3/1997-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 23 април 1997 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 35 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување (“Службен весник на Република Македонија” бр.80/93, 3/94, 14/95 и 71/96) и уставноста и законитоста на член 46 став 3 од Статутот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (“Службен весник на Република Македонија бр.50/94).

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Алил Каба од село Велешта му поднесе иницијативата за оценување уставноста на член 46 став 3 од Статутот означен во точката 1 на ова решение. Според наводите во иницијативата Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, врз основа на оспорената одредба, донесувал решенија со кои го ускратувал правото на најнизок износ на старосна пензија стекната со примена на конвенциите за социјално осигурување склучени со Германија, Франција, Швајцарија и други земји, односно на корисниците на старосна пензија, со што се повредувале основните права утврдени со Уставот на Република Македонија.

3. На седницата Судот утврди дека според оспорената одредба решение за право од пензиското и инвалидското осигурување во прв степен со примена на конвенциите за социјално осигурување, освен за правото за утврдување на пензискиот стаж, донесува овластен работник во Централата на Стручната служба на Фондот.

Со точката 11 на член 160 од Законот за пензиското ио инвалидското осигурување (“Службен весник на Република Македонија” бр.80/93, 3/94, 14/95 и 71/96), е предвидено дека во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија се решава во прв и втор степен за правата од пензиското и инвалидското осигурување, а според точката 12 на овој член, во Фондот се спроведуваат меѓународни договори и меѓународни спогодби од областа на пензиското и инвалидското осигурување. Според член 169 од Законот, со Статутот на Фондот, меѓу другото, се уредува начинот на остварување на правата од пензиското и инвалидското осигурување во согласност со законот и постапката за донесување на општите и поединечните акти.

Одредбите на членот 46 од Статутот на Фондот, чиј став 3 се оспорува, се поместени во главата “надлежност за решавање на правата”. Во таа смисла, со овој член е уредена надлежноста на Фондот за решавање на правата, односно дека решение од пензиското и инвалидското осигурување во прв степен донесува, по овластување на директорот на Фондот, раководителот на подрачната единица на Стручната служба на Фондот на чие подрачје осигуреникот бил последен пат осигуран (став 1), а решение за право од пензиското и инвалидското осигурување о прв степен со примена на конвенциите за социјално осигурување, освен за правото за утврдување на пензиски саж, донесува овластен работник во Централата на Стручната служба на Фондот. Оттука произлегува дека властувањето Стручната служба да одлучува во прв степен за правата од пензиското и инвалидското осигурување со примена на конвенциите за социјално осигурување произлегува од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Според тоа, оспорената одредба на уредува права на осигурениците со примена на конвенциите за социјално осигурување, туку врз основа на овластувањето донесува решение во прв степен за правата утврдени со закон и конвенциите за социјално осигурување поради што Судот оцени дека не може да се постави прашањето за нејзината уставност и законитост.

Прашањето, пак, за правото на најнискиот износ на староснаат пензија е уредено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување и од содржината на наводите во иницијативата всушност се оспорува одредбата содржана во членот 35 од овој закон според која, осигуреникот кој ќе оствари дел од пензијата според меѓународен договор стекнува право на најнизок износ на саросна пензија ако износот на пензијата определена според овој закон и странската пензија засметана според важечкиот девизен курс е помала од износот од кој се определува најнискиот износ на пензија од член 34 на овој закон за утврдување процентот на најнискиот износ на пензијата не се зема стажот на осигурување навршен во странство.

Во член 34 од Уставот е предвидено дека граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и колективен договор, а Според член 35 став 1 од Уставот, Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност.

Тргнувајки од сваќањето за уставната гаранција за социјалното осигурување и социјалната сигурност, дека таа претставува битен елемент на вкупната социјална сигурност на човекот што во себе го опфаќа и пензиското и инвалидското осигурување, што во сите случаи и во секоја состојба што тој може да се најде, според мислењето на Судот најнискиот износ на пензијата е, исто така, еден од елементите што ја обезбедува социјалнаа сигурност на граѓаните. Во таа смисла и одредбата од член 35 од Законот го обезбедува минимумот на пензија на осигуреникот кој остварил право на дел од пензијата според меѓународен договор на тој начин што, оваа категорија на осигуреници го имаат тоа право под услови ако износот на пензијата определен според овој закон и странската пензија не го надминува износот на најнискаа пензчија определена според член 34, исто од овој зчакон, односно ако вкупниот износ на пензијаа не го обезбедува минимумот на социјалната сигурнос утврден со Законот.

Тргнувајки и од уставната определба дека обемот на правата од пензиското и инвалидското осигурување се утврдуваат со закон и колективен договор Судот смета дека законодавецот е овластен да ги определи и условите и износот на најниската пензија и за осигурениците што оствариле дел од пензијата согласно конвенциите за социјално осигурување поради што оцени дека оваа одредба од Законот е во согласност со наведените уставни одредби.

Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селлими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.3/97)

Leave a Reply