154/1996-1-0

154/1996-1-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 27 ноември 1996 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА член 4 од Одлуката за наплата на манипулативни трошоци кои настануваат при изработување на сметките за вода и ѓубретарина за претпријатија и граѓани бр.02-107/1-6 донесена од Работничкиот совет на Јавното претпријатие “Комуналец” во Прилеп на 17 јануари 1994 година.

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија со решение У.бр.154/96 од 2 октомври 1996 година поведе постапка за оценување уставноста на член 4 од одлуката означена во точката 1 од оваа одлука затоа што се постави прашањето за нејзината согласност со Уставот на Република Македонија.

4. На седницата Судот утврди дека во член 4 од Одлуката се предвидува таа да влезе во сила со денот на донесувањето.

5. Согласно член 52 став 1 од Уставот на Република Македонија прописите се објавуваат пред да влезат во сила.

Со оглед на тоа што со точката 4 од Одлуката се предвидува Одлуката да влезе во сила со денот на донесувањето, а не со или по обрајувањето, Судот оцени дека тој член не е во согласност со член 52 од Уставот.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.154/96)

Leave a Reply