183/1996-0-0

183/1996-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 25 септември 1996 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 108 став 1 точка 5 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија” бр.80/93, 3/94 и 14/95) во делот кој гласи

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Стамен Филипов од Скопје му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставнсота на оспорената одредба од законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со неа му се давало право на работодавецот дискреционо да одлучува за престанок на работниот однос по сила на законот, со што тој правел разлика меѓу работниците и создавал нееднаквост на граѓаните. Со оспорената законска одредба му се давале поголеми рпава на работодавецот од правата на законодавецот.

Исто така, со дискриминацијата што се создавала со оспорената законска одредба се допуштало работниот однос да престане под услови утврдени со колективен договор, што не било во согласност со член 3 став 2 од истиот закон.

3. Судот на седницата утврди дека во член 108 од Законот за работните односи е уредено прашањето за престанок на работниот однос по сила на закон. Во став 1 точка 5 од овој член од Законот како услов за престанок на работниот однос по сила на закон е предвидено наполнувањето на 40 години пензиски стаж или 65 години живот и најмалку 15 години стаж на осигурување. Меѓутоа дадена е и можност во ваков случај работодавеацот, во согласност со условите утврдени со закон и општ колективен договор, да одлучи работникот и натаму да остане во работен однос.

Понатаму, Судот утврди дека прашањето за можноста работникот да остане на работа и по исполнувањето на наведените услови е регулирано со општите колективни договори и со пооделни колективни договори на ниво на гранка.

Така, во Општиот колективен договор за стопанството на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” вр.29/94) како услови за останување на работникот во работен однос и по исполнувањето на условите за лична пензија се предвидени ако работникот е ангажиран со определен проект од значење за работодавецот, до завршувањето на проектот, ако со пријавена потреба од засновање работен однос кај службата надлежна за посредување при вработувањето не моѓе да се обезбеди работник кој ги исполнува условите за работното место, и во други случаи утврдени со колективен договор на ниво на работодавец. Времетраењето на работниот однос се утврдува во зависност од условите поради кои истиот се продолжува (член 58).

Во Општиот колективен договор за јавните служби, јавните претпријатија, државните органи, органите на локалната самоуправа и други правни лица кои вршат нестопанска дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр.39/94) е предвидено работникот да може да остане на работа и по исполнувањето на условите за лична пензија, само ако со огласувањето на потребата од работник односно конкурс не може да се обезбеди работник кој ги исполнува потребните услови. Во овој случај работодавецот е должен потребата од работник да ја огласува секои 6 месеци. Ако на распишаниот оглас се јави кандидат кој ги исполнува условите за работа на работникот му престанува работниот однос. Работниот однос му престанува и во случај кога работодавецот не распише оглас во предвидениот рок.

Од изнесеното произлегува дека работниот однос по исполнувањето на условите за лична пензија може да се продолжи само во определени исклучителни случаи и тоа само до одредено време додека постојат причините поради кои е продолжен работниот однос.

Според член 9 од Уставот на Република Македонија, граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општественат аположба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Од оваа уставна одредба произлегува дека не може да се прави разлика меѓу граѓаните при остварувањето на со Уставот гарантираните права и слободи по наведените основи. Според член 32 став 2 од Уставот секому му е достапно секое работно место под еднакви услови, што значи дека се претпоставува разлика меѓу граѓаните во зависност од тоа дали ги исполнуваат предвидените услови или не за одредено работно место. Така да секој што не ги исполнува пропишаните усливи е лишен од можноста да работи на одредено работно место.

Понатаму, според член 58 од Уставот сопственоста и трудот се основа за управување и учество во одлучувањето, што значи дека положбата на вработените зависи и од тоа кој е сопственик на капиталот и од нивниот труд.

Уставни основи, пак, за делување на правните субјекти е слободата на пазарот и претприемништвото, што подразбира слободно делување на субјектите на пазарот, кои можат да бидат ограничени само во точно со Уставот определени случаи, што исто така значи залагање на секој од субјектите на пазарот за зголемување на својата продуктивност и создавање на поголем доход односно профит.

Имајќи ги предвид наведените уставни основи за делување на стопанските субјекти, неспорно е дека остварувањето на овие начела зависи и од стручноста и залагањето на вработените во одреден стопански субјект. притоа, работодавецот секако дека е заинтересиран да вработи или да задржи такви стручни кадри кои ќе придонесат за зголемување на продуктивноста и создавање на поголем профит, што е основната цел на секој стопански субјект.

Според тоа, со давањето на законската можност работодавецот да одлучи, под одредени услови, да задржи одреден работник на работа и по исполнувањето ан условите за лична пензија, кои се основ за престанок на работниот однос по сила на законот судот утврди дека не се создава нееднаквост меѓу вработените и меѓу граѓаните. Ова затоа што работниот однос на лицата на кои требало да им престане по сила на законот им се продолжува само за одредено време и тоа не поради нивно барање или нивни интерес, туку во интерес на работодавеацот односно на стопанскиот субјект, и тоа само влучај кога постои неопходна потреба од таквиот работник кој се разликува од другите вработени по својата стручност и работна способност.

Со оглед на тоа што според Уставот е предвидено со закон и со колективни договори да се уреди прашањето за остварувањето на прашањето за престанок на работниот однос, а во тие рамки да утврди иправо на работодавецот во одредени исклучителни случаи кога тоа е неопходно за работата во стопанскиот или друг правен субјект да одлучи да го пролонгира престанокот на работниот однос за оредено време до престанокот на потребата од одреден работник кој за одредено време е неопходен да заврши одредени работи или на негово место да се прими друг работник со исти стручни и работни квалитети и услови, со цел да не трпи процесот на трудот и вршењето на работата во стопанскиот или друг правен субјект.

Исто така, Судот оцени дека разработка на одредени права од работен однос кои се утврдени со закон може да се изврши со колективни договори, што значи дека не е во несогласност со Уставот условите за продолжување на работниот однос да се утврдат со колективни договори со оглед на тоа што основното право е утврдено со законот.

Врз основа на изнесеното судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на член 108 став 1 точка 5 во оспорениот дел од Законот со означените уставни одредби, односно со член 9 од Уставот.

Дали, пак, меѓу одделни одредби од Законот постои неусогласеност, согласно член 110 од Уставот Уставниот суд не е надлежен да одлучува.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.183/96)

Leave a Reply