66/1996-0-0

66/1996-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 71 и член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 17 април 1996 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување законитоста на Одлуката за издавање потврди за удел во претпријатието ОП “Белица” – Македонски Брод, донесена од Работничкиот совет на 24 јули 1991 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија Божо Новевски, Асен Рамески и други граѓани од Македонски Брод му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со него била извршена приватизација на претпријатието кое стопанисувало со води и земјоделско земјиште што не било во согласност со Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.

3. На седницата Судот утврди дека со Одлуката се регулира начинот на издавање потврди за удел во претпријатието заради прибавување дополнителен капитал, вредноста на дополнителниот капитал, бројот на уделите што можат да се купат, попустите, лицата кои можат да откупуваат удели, образецот за упис на уплатата и друго.

4. Согласно член 110 став 1 алинеи 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Со оглед на тоа што оспорените акти на акционерските друштва не се прописи во смисла на членовите 51, 52 и 110 од Уставот и не се погодни за уставно-судско одлучување, Судот оцени дека не е надлежен да одлучува за нивната уставност и законитост.

5. Врз основа на изнесеното, согласно член 28 став 1 алинеа 1 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов (У.бр.66/96).

Leave a Reply