273/1995-0-0

273/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонја, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија член 47 алинеја 5 и член 71 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 14 февруари 1996 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за определување највисоки цени на брашното и лебот,донесена од Владата на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.36/95).

2. Уставниот суд на Република Македонија, по иницијатива на Дионисије Папацафа од Скопје, со решение У.бр.273/95 од 6 декември 1995 година, поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката означена во точката 1 од оваа одлука, заоа што се псотави прашањето за нејзината согласност со член 55 став 1 од Уставот на Република Македонија, со членовите 18, 19 и 24 од Законот за трговија (“Службен весник на Република Македонија” бр.23/95) и со членовите 1, 2 и 9 од Законот за поттикнување на развојот на земјоделството (“Службен весник на Република Македонија” бр.24/92, 83/92 и 78/93).

3. На седницата Судот утврди дека со Одлука за определување највисоки цени на брашното и лебот на Владата на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.5/96) престана да важи оспорената одлука.

Со оглед на тоа што оспорената одлука престанала да важи, Судот оцени дека нема основи за понатамошно водење на постапката, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.273/95)

Leave a Reply