272/1995-0-0

272/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 6 декември 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Одлуката број 03-703 од 25 април 1995 година на Јавното претпријатие во општествена сопственост за комунални работи “Комуналец” Ц.О. – Струмица.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива за оценување уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение. Според наводите во иницијативата Јавното претпријатие “Комуналец” во Струмица било основано од Собранието на Општина Струмица. Со основачкиот акт било предвидено дека остварувањето на посебниот општествен интерес во Претпријатието се врши со учество на претставници на Собранието на Општина Струмица, за која цел во работничкиот совет на Претпријатието биле именувани 5 члена, а исто така, било утврдено дека претставниците на Собранието учествуваат и во одлучување то за цената на водата и другите комунални услуги. Со оглед на тоа што оспорените одлуки не биле донесени од работничкиот совет со учество на претставници од Општината, подносителите на иницијативата сметаат дека тие не се во согласност со актот за основање и Статутот на претпријатието.
Покрај наведените причини во иницијативата се наведува дека со измените и дополнувањата на Законот за претпријатијата со јавните претпријатија управувал управен одбор што го формира основачот што не било случај и со ова претпријатие затоа што Собрнаието на Општина Струмица уште немало донесено таква одлука.
3. Гзаледувајќи ја иницијативата Судот утврди дека не постои одлука за зголемување на цената на водата и другите комунални услуги со 10% донесена во месец октомври 1994 година, туку Одлука број 03-2224/1 од 29 ноември 1994 година за зголемување на цената со 10%, покасно коегирана со 8%, а ова одлука престанала да важи со Одлука број 03-73-703 од 25 април 1995 година со која е определена висината на цената на водата за пиење во град Струмица и Баља Банско, техничката вода и користење на канализација. Исто така, Судот утврди дека оваа одлука се применува од 1 мај 1995 година и се уште е во важност поради што Судот како оспорен акт прифати да ја оценува само нејзината уставност и законитост. Со неа е определена висината на цената водата за пиење во град Струмица и Бања Банско, техничката вода и користењето на канализација и тоа: цената на водата во град Струмица за сите правни лица и за домаќинствата по м3: цената на техничката вода по м3; цената за користење на канализација за сите правни лица и домаќинствата по м3 за искористена вода и за правни лица што не користат вода од водоводната мрежа, а се корисници на канализацијата, по м3 искористена вода; и цената на водата од водоводот “бања Банско” за сите правни и визички лица по м3.
4. Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи со Уставот и законите.
Според мислењето на Судот оспорената одлука се определуваат цени за одделни комунални услуги и дека таа нема карактер на пропис во смисла на член 110 од Уставот, туку на акт на деловно работење на Јавното претпријатие со елементи на облигациони односи помеѓу учесниците во тој однос, односно помеѓу граѓаните и правните лица и Претпријатието, за чија уставност и законитост Уставниот суд не е надлежен да одлучува.
Во поглед на оспорените одлуки кои престанале да важат, исто така, согласно член 110 од Уставот не е надлежен да одлучува.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.272/95).

Leave a Reply