280/1995-0-0

280/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 29 ноември 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување законитоста на Решението за регистрација на возниот ред на Приватното претпријатие ” Охрид-Експрес” од Охрид, бр.12-4037/90, донесено од Републи чкиот комитет за урбанизам, градежништво, сообраќај и заштита на човековата околина на 16 јануари 1991 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива, од Акционерско друштво “Галеб” од Охрид, за поведување постапка за оценување законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со него се воведувал нов возен ред на релација Охрид-Скопје и обратно во периодот од 20 јануари до 31 декември 1991 година, иако со член 42 од Законот за превоз во патниот сообраќај, кој важел во тоа време, било пропишано превозот да се врши според постојните возни редови до 1 јуни 1991 година, што значело дека не може да се воведува нов возен ред, поради што оспорениот акт не бил во согласност со означената законска одредба.
3. На седницата Судот утврди дека со оспорениот акт му се определува на ПП “Охрид-Експрес” од Охрид релација на движењето, местата во кои застанува, нивната оддалеченост од почетната станица, времето на поаѓањето и пристигнувањето и рокот на важењето на возниот ред. Исто така, Судот утврди дека оспорениот акт еднаш веќе бил предмет на оценување, при што Судот ја отфрли иницијативата на истиот подносител, бидејќи актот не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија.
4. Со оглед на тоа што за истата работа Судот веќе одлучувал и што нема основи за поинакво одлучување, Судот одлучи , согласно член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот, како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Су дот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.280/95

Leave a Reply