196/1994-0-0

196/1994-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 став 1 алинеја 2 и член 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 13 септември 1995 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА Одлуката за измена и дополнување на Деталниот урбанистички план на град Гостивар, бр.08-237/1, донесена од Собранието на Општина Гостивар на 14 јуни 1994 година, во делот што се однесува на КП бр.1288.

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во ” Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија, на иницијатива од Ибраим Снопче од Гостивар, со Решение У.бр.196/94 од 12 јули 1995 година поведе постапка за оценување законитоста на наведената одлука во делот означен во точката 1 од оваа одлука, затоа што се постави прашањето за нејзината согласност со одредбите од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање.

4. На седницата Судот утврди дека во нацрт-планот не се предвидува станбен објект на КП бр.1288, кој, пак, се предвидува во донесениот план, при што овој објект не се внесува во планот врз основа на нечија забелешка или барање, туку без тоа.

5. Во член 31 од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање (“Службен весник на СРМ” бр.38/85, 18/89 и 38/90) се определува урбанистичкиот план да се изработува во две фази: нацрт на план и предлог на план (став 1), при што нацртот на урбанистичкиот план задолжително се стави на јавна расправа (став 2), после што граѓаните доставуваат забелешки во писмена форма (став 4), па потоа врз основа на забелешките што ќе се прифатат се подготвува предлог на план (став 6). Понатаму, во член 33 од Законот, се предвидува предлог-урбанистичкиот план да се доставува на собранието на општината, заедно со извештајот од јавната расправа и образложението на забелешките кои не се прифатени, а според член 34 став 2 од Законот, урбанистичкиот план за подрачјето на општината го донесува собранието на општината.

Од изнесените законски одредби произлегува обврска за доносителот, нацрт- урбани- стичкиот план да го стави на јавна расправа пред граѓаните, а граѓаните имаат право да дадат забелешки на предвидените решенија.

Со оглед на тоа што објектот на КП бр.1288 не бил предвиден во нацрт-планот а бил предвиден во донесениот план, при што тоа не е направено по некоја забелешка, туку без тоа, со што на граѓаните не им била дадена мо жност да стават забелешка на таквото урбанистичко решение односно да го остварат правото на учество во уредување на просторот, Судот утврди дека оспорената одлука во наведениот дел, не е донесена во постапка пропишана со Законот, поради што таа во изнесениот дел не е во согласност со означените законски одредби.

Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

6. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Нико ла Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.196/94

Leave a Reply