177/1995-0-0

177/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 21 јуни 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 29 и член 44 од Законот за основните сопственосноправни односи (“Службен лист на СФРЈ” бр.6/80 и 36/90).
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Блаже Ѓорѓиев и други, застапувани од Миодраг Марковиќ-Мишо, адвокат од Титов Велес, му поднесоа иницјатива со барање да поведе постапка за оценување уставноста на член 29 и член 44 од законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што ја штителе општествената сопственост која, како таква, не била предвидена во Уставот на Република Македонија.
3. Судот на седницата утврди дека согласно членот 29 од Законот, на предмет на општествена сопственост, право на сопственост не може да се стекне со одршка и дека членот 44 од Законот предвидува правото на сопственост да престанува со преминување на правото во општествена сопственост.
4. Согласно член 30 став 1 од Уставот на Република Македонија, се гарантира правото на сопственост, а согласно став 2 на овој член сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата.
Од наведената одредба произлегува дека основната интенција на Уставот е изградба на граѓанско општество чија основна карактеристика е сопственоста како граѓанско-правен однос, поради што Судот смета дека одредшите од членот 30 од Уставот се однесуваат исклучиво на сопственоста во граѓанско-правна смисла на зборот.
Исто така, од наведената одредба произлегува дека општествената сопственост нормативно не егзистира во Уставот, меѓутоа, независно од нејзиното воведување во Уставот од 1974 година, таа секогаш се сметала за несопственичка и неправна категорија, со статус на доминантен општествено-економски однос, поради што Судот смета дека одредшите од членовите 29 и 44 од оспорениот закон кои предвидуваат на предмет на општествена сопственост, да не може да се стекне право на сопственост по пат на одршка и според кои правото на сопственост престанува со преминување на правото во општествена сопственост, се согласни со Уставот на Република Македонија од причина што според оценката на Судот, законодавецот, со оспорените одредби немал цел да ја штити општествената сопственост, туку да ја спречи узурпацијата на недвижностите по пат на одршка.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.177/95

Leave a Reply