96/1995-0-0

96/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 28 алинеја 1 и член 71 од Деловникот на уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 29 март 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за давање мислење за “употребливоста, легитимноста и валидноста” на член 120 став 8 од Законот за предучилишно и основно воспитание и образование.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Цраган Настески од Македонски Брод, му поднесе иницијатива за давање мислење на “употребливоста, легитимноста и валидноста” на член 120 став 8 од Законот означен во точка 1 од ова решение, затоа што, при конкретен избор на професор по историја, било избрано лице кое има виша стручна подготовка иако имало кандидат со висока стручна подготовка, и што во практиката постоела само виша педагошка академија само за одделенска настава, а не и за предметна настава.
3. Судот на седницата утврди дека со иницијативата не се бара оценка на согласноста на оспорената законска одредба со одделни одредби од Уставот ниту се оспорува уставноста и законитоста на друг пропис.
Со оглед на тоа што согласно член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, уставниот суд е надлежен да одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите, а не и да дава мислење дали одделни законски одредби се применливи и целисходни односно дали решенијата предвидени во нив се добри или лоши, Судот оцени дека не е надлежен да постапува по иницијативата, ниту да одлучува за оправданоста на одредени поединечни акти со кои е извршен конкретен избор.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.96/95).

Leave a Reply