115/1994-0-0

115/1994-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 2 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 25 јануари 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за преиспитување на Решението У.бр.25/92 донесено од Уставниот суд на Република Македонија на 8 јули 1992 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Снежана Георгиевска од Скопје му поднесе иницијатива за преиспитување на Решението означено во точката 1 од ова решение, затоа што смета дека Судот неправилно постапил при одлучувањето што не се впуштил во оценка на уставноста и законитоста на член 44 став 1 од Правилникот за критериумите, мерилата и постапката за решавање на станбените прашања на работниците во ООЗТ “Алатница” во состав на Работната организација “Раде Кончар” – Апартна техника, донесен на 26 мај 1987 година, туку не повел постапка за оценувње на означениот член од актот од формални причини.
3. На седницата Судот утврди дека со Решение У.бр.25/92 од 8 јули 1992 година не повел постапка за оценување уставноста и законитоста на Правилникот за решавање на станбените потреби на работниците во Работната организација “Рае Кончар” – Апаратна техника, донесен во 1987 година затоа што утврдил дека тој акт престанал да важи на 15 октомври 1991 година со донесувањето на нов Правилник за уредување на станбените прашања и дека Судот немал процесни претпоставки да ја оценува уставноста и законитоста на актот за време на неговото важење.
4. Разгледувајќи ја иницијативата Судот оцени дека за истата работа веќе одлучувал, а сега нема основи за поинакво одлучување, односно за преиспитување на своето Решение У.бр.25/92 и одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими д-р Јосиф талевски и д-р тодор Џунов. (У.бр.115/94):

Leave a Reply