245/1993-0-0

245/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 27 април 1994 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА Трошковникот за дознака и други услуги на шумите, меѓите и останатите дрва на кои постои право на сопственост, донесен од Претпријатието за стопанисување со шуми “Лешница” ДОО во Тетово на 12 септември 1991 година.

2. Уставниот суд на Република Македонија, со Решение У.бр.245/93, донесено на 16 февруари 1994 година, поведе постапка за оценување законитоста на трошковникот означен во точката 1 од оваа одлука, затоа што се постави прашањето за неговата согласност со член 38 од Законот за шумите.

4. Според член 38 од Законот за шумите (“Службен весник на СРМ” бр.20/74, 15/86, 51/88, 20/90 и “Службен весник на Република Македонија” бр.37/91), ознака за сеча на шумите на кои постои право на сопственост врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство односно организацијата што тоа ќе ја овласти (став 1). Со актот за овластување се утврдува подрачјето на кое организацијата ќе врши ознака за сеча, видот на работите и висината на надоместокот на трошоците за извршените работи, кои трошоци ги сносат сопствениците на шумата (став 2).

Од оваа законска одредба произлегува дека висината на трошоците за извршените работи при ознака за сеча на шумите е овластено да ги определува Министерството и не е дадена мо`ност за претпријатијата што стопанисуваат со шумите да воведуваат надоместок за сторени трошоци за оваа намена.
Со оглед на тоа што со оспорениот трошковник е утврден надоместок за трошоците за ознака за сеча на шумите надвор од даденото јавно овластување, Судот оцени дека тој не е во согласност со член 38 став 2 од Законот за шумите.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

6. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ и д-р Фиданчо Стоев.).

Leave a Reply