52/1994-0-0

52/1994-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 27 април 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Јосе Штерјоски и Јован Змејковски од Кичево му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение, затоа што: во член 23 од Статутот како органи на управување во друштвото биле предвидени собрание и управен одбор, а не и работнички совет: во член 24 ставовите 2 и 3 во Собранието на Друштвото не биле предвидени претставници на општествениот капитал; во член 34 во составот на Управниот одбор биле избрани генералниот директор и директорот на профитниот центар “Билкарство”; Правилникот за систематизација на работите и работните задачи бил донесен од Управниот одбор без претходна расправа на работниците; со Статутарна одлука биле направени статусни промени во Друштвото; и пред истекот на мандатот по два члена на Собранието и два члена на Управниот одбор биле сменети и биле назначени нови членови во собранието и управниот одбор, што не било во соглалсност со закон и со Статутот на Друштвото.

3. На седницата Судот утврди дека според член 2 од Статутот Акционерското друштво е основано со Одлука на Работничкиот совет на општественото претпријатие за трговија “Агрокооп” увоз-извоз како Акционерско друштво во мешовита сопственост, кое врши стопанска дејност заради стекнување добивка. Според член 23 од Статутот, органи на управување во Друштвото се собранието и управниот одбор.

Согласно член 120 од Законот за претпријатијата (“Службен лист на СФРЈ” бр.77/88), кој, соглалсно член 5 од Уставниот закон за спроведување Уставот на Република Македонија, се применува како републички пропис, органи во акционерското друштво и во друштвото со ограничена одговорност се собранието и управниот одбор, а согласно член 131 од овој закон, работниците на претпријатијата во мешовита сопственост можат да формираат работнички совет односно друг самоуправен орган.

Од изнесените законски одредби произлегува дека органи кои задолжително се формираат во мешовито претпријатие се собранието и управниот одбор, а работничкиот совет е предвиден како факулатативен орган.

Со оглед на тоа што во член 23 од Статутот како органи на управување се предвидени собранието и управниот одбор, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за неговата согласност со оспорените законски одредби.

4. Според член 24 став 1 од Статутот, собранието е највисок орган на управување во друштвото, а согласно став 2 на овој член собранието се состои од претставници на општествениот капитал кои ги избира собирот на акционерите. Според ставот 3 на овој член, сссобранието има вкупно 17 членови, од кои 9 се претставници на општествениот капитал, а 8 на акционерскиот капитал.

Согласно член 121 од Законот за претпријатијата, собранието на претпријатието во мешовита сопственост го сочинуваат сопственици на вложениот капитал односно нивни претставници,а согласно член 122 став 1 од Законот во собранието на претпријатието во мешовита сопственост право на глас имаат сопствениците, сразмерно на височината на вложениот капитал ако со статутот односно со правилата не е поинаку определено. Согласно став 2 на овој член, кога во вкупниот капитал на претпријатието од став 1 на овој член учествува и општествен капитал, право на глас во собранието имаат и претставниците на општествениот капитал кои можат да бидат и работници на тоа претпријатие и лица стручњаци надвор од претпријатието сразмерно на учеството на општествениот капитал во вкупниот капитал, ако со статутот односно со правилата не е поинаку определено.

Со оглед на тоа што со ставовите 2 и 3 на член 24 од Статутот е предвидено собранието на друштвото да има и претставници на општествениот капитал, судот оцени дека не може да се постави прашањето за нивната согласност со означените законски одредби.

Дали пак, во конкретниов случај во составот на собранието се избрани и членови – претставници на општествениот капитал е фактичко прашање, за кое Судот, согласно член 110 од Уставот, не е надлежен да одлучува.

5. Во член 34 од Статутот е предвидено управниот одбор да брои 5 члена.

Согласно член 124 став 1 од Законот за претпријатијата, управниот одбор се состои од три или повеќе членови, а бројот на членовите на управниот одбор се утврдува со статутот односно правилата.

Од изнесените одредби произлегува дека законот само го утврдува минималниот број на членови на управниот одбор, оставајќи можност бројот на членовите на управниот одбор да се утврди со статутот на претпријатието.

Со оглед на тоа што според оспорениот член управниот одбор на друштвото се состоел од 5 члена, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за неговата согласност со означените одредби од Законот.

Во поглед на наводите во иницијативата за несоодветното својство на лицата што се избрани за членови на Управниот одбор Судот оцени дека тоа е фактичко прашање, за кое, согласно член 110 од Уставот, не е надлежен да одлучува.

6. На седницата Судот, исто така, утврди дека со статутарната одлука, донесена од собранието на друштвото, се востановуваат повеќе организациони единици, наречени профитни центри, начинот на кој ќе се прикажуваат нивните книговодствени работи, кој раководи со нив и начинот на исплата на платите.

Со оглед на тоа што со статутарната одлука не се извршени статусни промени во Друштвото, туку внатрешни организациони промени со воспоставување на интерни профитни центри, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за нејзината согласност со членовите 123 и 187-а од Законот за претпријатијата.

7. Правилникот за систематизација е донесен од Управниот одбор на претпријатието.

Согласно член 127 од Законот за претпријатија, управниот одбор, покрај другото, ги донесува општите акти на претпријатието во мешовита сопственост, а во законот не е предвидено пред неговото донесување тој да биде ставен на расправа пред работниците, поради што Судот оцени дека не може да се постави прашањето за неговата согласност со означените одредби од законот.

8. Во врска со наводите во иницијативата дека по два члена од собранието на управниот одбор биле разрешени од нивната функција пред истекот на мандатот, Судот оцени дека тоа се фактички прашања, за кои, согласно член 110 од Уставот, Судот не е надлежен да одлучува.

9. Врз основа на изнесеното, судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

10. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ и д-р Фиданчо Стоев.

Leave a Reply