208/1993-0-0

208/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 28 став 1 алинеја 2 и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 30 март 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за преиспитување на Одлуката У.бр.120/91, донесена од Уставниот суд на Република Македонија на 16 јуни 1993 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива од Јавното претпријатие “Електростопанство на Македонија” во Скопје за преиспитување одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што надоместокот за приклучување на електрична мрежа имал основ да се воведе во членовите 37 и 38 од Законот за енергетика (“Службен весник на СРМ” бр.41/87 и 42/88 и “Случбен весник на Република Македонија” бр.13/93 и 15/93) и во членовите 9, 13 и 14 од Општите услови за испорака на електрична енергија (“Службен весник на СРМ” бр.38/84 и 50/88) и што тој надоместок се однесувал за подмирување на трошоците за приклучување објектот на граѓанинот во електричната мрежа од Претпријатието, кои трошоци не биле опфатени во надоместокот за уредување на градежното земјиште, со што немало двојно наплатување за иста намена, поради што означената одлука на Судот немала основ во Законот за енергетика и во Законот за градечното земјиште (“Службен весник на СРМ” бр.10/79, 18/89 и 21/91).

3. На седницата Судот утврди дека во иницијативата не се изнесуваат нови факти и околности кои би влијаеле за донесување на поинаква одлука, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ и д-р Фиданчо Стоев.

Leave a Reply