Решение У.бр.194/1992

У.бр.194/1992

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 28 став 1 алинеја 1 и член 71 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 9 март 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на член 2 точките 1 и 5 од Одлуката за определување цени на услугите што ги врши Основната организација “Чистота и зеленило”, донесена од Работничкиот совет на Комуналната работна организација во Куманово на 22 јуни 1974 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива од Општественото претпријатие “Југ-Турист” во Куманово за поведување постапка за оценување законитоста на одредбите од одлуката означени во точката 1 од ова решение, затоа што со нив се определувало комуналната услуга – изнесување на смет, претпријатијата да ја плаќаат по метар квадратен корисна површина, а за новоград ба, доградба, адаптација и реконструкција на станбени згради и деловни простории по пресметковна вредност на објектот, што не било соодветно на изршената услуга, поради што одредбите од Одлуката не биле во согласност со закон.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот оцени дека не е надлежен да одлучува по неа, затоа што оспорената одлука не претставува пропис односно општ акт во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ и д-р Фиданчо Стоев.

Leave a Reply