118/1993-0-0

118/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 2 март 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за неприфаќање на примената на Известието за распоредување и распределба на платите на Министерството за образование и физичка култура, донесена на 9 април 1993 година од собирот на работните луѓе на Основното училиште “Никола Карев” во Радовиш.

2. На Уставниот суд на Република Македонија Марковска Ленче и група вработени од Основното училиште “Никола Карев” во Радовиш, му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што со неа не се прифаќало известието на Министерството за образование и физичка култура, кое содр`ело показатели за распоредување на средствата за плати што се обезбедуваат од Републичкиот буџет, што не било во согласност со Уставот и со закон.

3. Судот на седницата утврди дека оспорената одлука не претставува пропис односно општ акт во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, поради што не е надлежен да одлучува за нејзината уставност и законитост.

4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ и д-р Фиданчо Стоев.

Leave a Reply