283/1993-0-0

283/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 16 февруари 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на член 140 став 4 од Законот за облигационите односи (“Службен лист на СФРЈ” бр.29/78 и 39/85).

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Дочка Меновиќ од Скопје му поднесе иницијатива за оценување уставноста на одредбата од член 140 став 6 од законот означен во точката 1 на ова решение, затоа што таа овозможувала општествено-правните лица надлежностите со кои управуваат да ги продаваат по вредност помала од вистинската, што не било во согласност со Уставот на Република Македонија.

3. Судот на седницата утврди дека со иницијативата, одредбата од Законот се оспорува од аспект на нејзината примена, за што согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, не е надлежен да одлучува.

4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ и д-р Фиданчо Стоев.

Leave a Reply