24/1993-0-0

24/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија бр.70/92, на седницата одржана на 26 јануари 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Ценовникот за техничките и други услуги, донесен од Работничкиот совет на Јавното претпријатие “Електростопанство на Македонија” во Скопје, во 1993 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија Радослав Јаковлески од Титов Велес, му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актот означен во то~ката 1 од ова решение, затоа што со него било предвидено од граѓаните да се наплатува надоместок за поправка и баждарење на електричните броила, што не било во согласност со Устав и со закон.

3. На седницата Судот утврди дека со оспорениот ценовник се определува цената на технички услуги што ги наплатува Јавното претпријатие “Електростопанство на Македонија” за извршените услуги. Судот, исто така, утврди дека Ценовникот се засновува на Општите услови за продажба на електрична енергија (“Службен весник на СРМ” бр.38/84 и 50/88), кои се донесени врз основа на член 37 од Законот за енергетика (“Службен весник на СРМ” бр.41/87 и 42/88).

4. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот оцени дека не е надлежен да одлучува по неа, затоа што Ценовникот не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија. Според оваа уставна одредба, Уставниот суд е надлежен да одлучува за уставноста на законите и уставноста и законитоста на прописите и општите акти, како и за одделни слободи и права на човекот и граѓанинот утврдени во Уставот.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply