266/1993-0-0

266/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 алинеја 1 од Уставот на Република Македонија, член 28 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 19 јануари 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на Законот за данокот на промет на производи и услуги (“Службен весник на Република Македонија” бр.34/92, 3/93 и 4/93).

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Петко Кленковски од Струга му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што во практиката данокот на промет за потрошена електрична енергија, наместо да го плаќаат од дистрибутерите, директно се наплатувал од потрошувачите, што не било во согласност со Уставот.

3. На седницата Судот утврди дека со иницијативата Законот се оспорува од аспект на неговата примена, за што, согасно член 110 од Уставот на Република Македонија, не е надлежен да одлучува.

4. Врз основа на изнесеното Судот, одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ и д-р Фиданчо Стоев.

Leave a Reply