235/1993-0-0

235/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 алинеја 1 од Уставот на Република Македонија, член 28 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 19 јануари 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на член 33 став 1 точка 4 и член 35 став 1 точка 2 од Законот за управување и користење на пасиштата и утрините (“Службен весник на СРМ” бр.20/74, 28/87, 51/88 и “Службен весник на Република Македонија” бр.83/92).

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Сточарското стопанство “Живко Брајковски” од село Трница, Општина Гостивар, му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одредбите од законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со примената на оспорените одредби, со кои се пропишувал стопански престап за организации на здружен труд, односно прекршок за лица, кои како корисници на пасишта и урини не го плаќале договорениот надоместок за пасење на добиток на самоуправната интересна заедница, без оглед на исполнување на нејзините обврски околу одржувањето и унапредувањето на пасиштата, таа се доведувала во привилегирана положба, што не било во согласнокст со Уставот.

3. Судот на седницата утврди дека со иницијативата се оспоруваат одредбите на Законот од аспект на нивната примена, за што согласно член 110 од Уставот, овој суд не е надлежен да одлучува.

4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply