187/1993-0-0

187/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 71 став 1 алинеја 3
од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на
република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на декември 1993 година,
донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на член 4 став 2
од Правилникот за специјализација и субспецијализација на високо-стручни
здравствени работници и соработници, донесен од Работничкиот совет на
Медицинскиот центар во Струмица на 11 мај 1989 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднсена иницијатива
од д-р Фроска Ќосева од Струмица, за поведување постапка за оценување
законитоста на одредбите од правилникот означен во точката 1 од ова решение,
затоа што на кандидатот од машки пол му се признавало работното искуство и за
време на служење на воениот рок доколку работел во спроведување на здравствена
заштита, што не било во согласност со закон.
3. Разгледувајќи го барањето, Судот утврди дека веќе ја оценувал
законитоста на оспорената одредба и со Решение У.бр.118/89 од 12 октомври 1989
година не повел постапка, а по повод на оваа иницијатива не наоѓа основи за
поинакво одлучување, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р
Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие
Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера
Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply