160/1993-0-0

160/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 10 ноември 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на Одлуката за измени и дополнувања на Привремениот деловник на Собранието на Општината Титов Велес, донесена од Собранието на Општина Титов Велес на 6 јули 1993 година (“Службен гласник на Општина Титов Велес” бр.1/93).
2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за усвојување на Буџетот на Општината Титов Велес за 1993 година, Одлуката за извршување на Буџетот за извршување на Буџетот на Општината Титов Велес за 1993 година, Одлуката за измена и дополнување на Програмата за поставување на времени објекти на подрачјето на Општината Титов Велес за обавување на стопански и други дејности, Решението за разрешување на претседаљтелот на Собранието на Општината Титов Велес, Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општината Титов Велес за 1993 година, донесени на седницата на Собранието на Општина Титов Велес одржана на 6 јули 1993 година (“Службен гласник на Општина Титов Велес” бр.1/93).
3. На Уставниот суд на Република Македонија, Трајко Пренџов од Титов Велес му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на актите означени во точките 1 и 2 од ова решение, затоа што Одлуката за измени и дополнувања на Привремениот деловник на Собранието влегла во сила и се применувала пред да биде објавена, што не било во согласност со член 52 став 1 и 2 од Уставот, а другите оспорени акти биле донесени во постапка спротивна наСтатутот на Општината и на Деловникот за работа на собранието на Општината, а со начинот на свикување, начинот на одржување и водење на седницата, како и со начинот на објавувањето на оспорените акти била суспендирана легалната работа на Собранието.
Подносителот му предложи на Уставниот суд на Република Македонија да нареди привремена мерка заради спречување на неговите последици од примената на донесените акти, до донесувањетона конечната одлука.
4. Судот на седницата утврди дека со член 2 од Одлукта за измени и дополнувања на Привремениот деловник е утврдено дека, доколку претседателот на Собранието на Општината, по предлог на работно тело на Собранието, или, пак, по барање на најмалку 10 одборници не свика седница на Собранието, седницата имаат право да ја свикаат истите и на истата полноправно да одлучуваат по предложениот дневен ред односно по предлогот од подносителите. Во случаи кога претседателот на Собранието одбир да претседава со седницата, со неа ќе претседава Работно претседателство во состав од три одборника, кои се избираат на самата седница со мнозинство гласови од присутните одборници, а донесените нормативни акти ќе ги потпишува најстариот одборник од работното претседателство. Со член 3 од Одлуката е пропишано дека таа влегува во сила со денот на донесувањето и дека ќе се објави во “Службен гласник на Општината Титов Велес”.
5. Според член 52 став 1 од Уставот на Република Македонија, законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.
Од наведената уставна одредба произлегува дека неопходен услов за влегување во сила на прописите е тие претходно да бидат објавени и дека ниту еден пропис не може да влезе во сила со денот на донесувањето од страна на надлежниот орган, туку најрано со денот на неговото објавување.
Судот утврди дека оспорената одлука била објавена во “Службен гласник на Општина Титов Велес” од 23 јули 1993 година, порди што оцени дека од денот на нејзиното донесување (6 јули 1993 година), до денот на нејзиното објавување (23 јули 1993 година), таа не била во согласност со член 52 став 1 од Уставот и дека пред тој ден не можела да влезе во сила, да се применува и да произведува правни последици.
Меѓутоа, бидејќи со денот на објавувањето несогласноста на Одлуката со Уставот е отстранета, Судот оцени дека нема основи за поставување на прашањето за нејзината согласност со наведената уставна одредба и одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Понатаму, Судот утврди дека со Одлуката за усвојување на Буџетот на Општината за 1993 година и со Одлуката за извршување на Буџетот се утврдени приходите и расходите на Општината односно се уредени односите во врска со извршувањето на Буџетот.
Со одлуката за измени и дополнувања на Програмата за поставување времени објекти постојната Програма се дополнува со нови локации за поставување времени објекти.
Со Програмата за уредување на градежното земјиште се определува просторот кој ќе се уредува во 1993 година, утврдени се изворите на средства и носителите на финансирањето за уредување на градежното земјиште со пресметка на трошоците за неговото уредување.
Со решението за разрешување на претседателот на Собранието на Општината од таа функција се разрешува Трајко Пренџов.
Разгледувајќи ги наводите од иницијативата кои се однесуваат на овие оспорени акти, како и на начинот на нивното објавување, Судот утврди дека суштината на барањето е да се оценува нивната согласност со Статутот на Општина Титов Велес и со Деловникот на Собранието на Општината, за што Уставниот суд на Република Македонија, согласно член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот, не е надлежен да одлучува.
Покрај тоа, Судот утврди дека не е надлежен да одлучува за уставноста на решението за разрешување на претседателот на Собранието и поради тоа што тоа нема карактер на пропис или општ акт во смисла на член 110 алинеја 2 од означената уставна одредба, ниту пак, се во прашање основните слободи и права, за чија заштита, согласно член 110 алинеја 3 од Уставот, Судот е надлежен да одлучува.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 2 од ова решение.
7. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply