197/1993-0-0

197/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 27 октомври 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за корегирање на негативните во позитивни оцени, донесена од Наставничкиот колегиум на УЦСО “Љупчо Сантов” во Кочани на 27 август 1993 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Миле Уровски од Кочани, му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што таа не била во согласност со Законот за насоченото образование.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека таа не се однесува на општ акт во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, според кој Уставниот суд е надлежен да одлучува за уставноста на законите и за уставноста и законитоста на прописите и општите акти, а не и за поединечни акти, освен за поединечни акти кои се однесуваат на определени слободи и права на човекот и граѓанинот.
Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply