Решение У.бр.204/1993

У.бр.204/1993

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 20 октомври 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА барањето на Асимовски Тефик од Скопје за заштита на правата утврдени во член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија.

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Тефик Асимовски од Скопје му поднесе барање за заштита на правата по основ на наследување, затоа што е извршена физичка делба на имот кој го добил со наследство, без да учествува во постапката пред надлежниот суд.

3. Разгледувајќи го барањето, Судот утврди дека тоа не се однесува на основните слободи и права утврдени во член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, според кој Уставниот суд на Република Македонија ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесува на слободата и уверувањето, совеста, мислата, политичкото здруќување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, вера, национална, социјална и политичка припадност.

Со оглед на тоа што барањето не се однесува на заштита на овие уставни права и слободи, Судот оцени дека не е надлежен да одлучува по него, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply