186/1993-0-0

186/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 6 октомври 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на актот на Министерството за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија во Скопје бр.08-689, доставен до подрачната единица на Министерството во Титов Велес на 21 јули 1993 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива од група вработени во Собранието на Општината Титов Велес за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со него се вршело доделување на стан само на подрачната единица на Министерството за урбанизам, градежништво и екологија во Општината, а не и на подрачните единици на другите министерства во Титов Велес, иако средствата за купување на станот биле обезбедени од сите вработени во општинските органи на управата, поради што актот не бил во согласност со Уставот и со закон.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека со неа не се бара оценување уставноста и законитоста на пропис или општ акт во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија. Според означената уставна одредба, Уставниот суд на Република Македонија е надлежен да одлучува за уставноста на законите и уставноста и законитоста на прописите и општите акти а не и на поединечни акти, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply