172/1993-0-0

172/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 29 септември 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за преиспитување на Решението У.бр.87/93, донесено од Уставниот суд на Република Македонија на седницата од 30 јуни 1993 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Борнаров Владислав од Скопје му поднесе барање да го преиспита решението означен во точка 1 од ова решение, затоа што Судот погрешно оценил дека нема основ за поведување на постапка за оценување уставноста на Законот за внатрешни работи и не се изјаснил по прашањето дали началникот на одделението за материјално-финансиско работење има својство на овластено службено лице, во смисла на Законот.
3. Разгледувајќи ги повторно оспорените одредби од Законот и наводите изнесени во барањето за преиспитување на решението У.бр.87/93, Судот оцени дека нема основ за поинакво одлучување.
Во однос на барањето Судот да се изјасни дали е правилно илинеправилно началникот на одделението за материјално-финансиско работење да не е прогласен за овластено службено лице, Судот оцени дека станува збор за конкретна примена на законот, односно за фактично прашање, за кое, согласно член 110 од Уставот, не е надлежен да одлучува.
4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точка 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply