68/1993-0-0

68/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 23 јуни 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за преиспитување на решенијата У.бр.84/92 и 192/92, донесени од Уставниот суд на Република Македонија на 21 октомври 1992 година и 27 јануари 1993 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Петровска Катерина од Скопје му поднесе иницијатива со барање Судот да ги преиспита решенијата У.бр.84/92 и 192/92, во кои предмет на оценување на законитоста беа: Правилникот за систематизација на работите и задачите, донесен од Министерот за информации на 21 декември 1991 година, во делот што се однесува на степенот на стручната подготовка на работите и задачите шеф на кабинет-технички секретар; членовите 10, 11, 12 и 13 од Правилникот за основите и мерилата за самоуправно уредување на односите во стекнувањето и распределувањето на доходот и распределбата на средствата за лични доходи, заедничка потрошувачка и други лични примања и надоместоци на работниците во работната заедница на Секретаријатот за информации, донесен со референдум на 27 јули 1989 година и на Табеларниот преглед на работите и задачите, кој е составен дел на Правилникот, во делот со кој се извршени измени на вреднувањето на работното место шеф на кабинетот, донесен од Министерот за информации на 24 февруари 1992 година, затоа што при одлучувањето Судот не ги имал во предвид одредбите на членовите 109, 112 и 236 од Законот за оргнаите на управата.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека при донесувањето на решенијата за неповедување постапка ги оценувал оспорените одредби од актите наведени во точка 2 од ова решение и во однос на членовите 109, 112 и 236 од Законот за органите на управата, а по повод поднесената иницијатива не наоѓа основи за поинакво одлучување, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply