198/1992-0-0

198/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член110 од Уставот на република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 19 мај 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на Одлуката за измени и дополнување на деталните урбанистички планови од помал обем на подрачјето на Општината Гевгелија, донесена од Собранието на Општината на 8 јануари 1988 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива од Ратко Паноров од Гевгелија за поведување постапка за оценување законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што со неа се пропишувало измените и дополнувањата на урбанистичките планови од помал обем да ги вршат Изврш ниот совет на Собранието на Општината и општинскиот орган на управата надлежен за урбанизмот, а не Собранието на Општината, поради што Одлуката не била во согласност со закон.
3. На седницата Судот утврди дека оспорената одлука престанала да важи на 14 јули 1991 година.
Со оглед на тоа што оспорената одлука престанала да важи пред поднесувањето на иницијативата, Судот оцени дека не постојат процесни претпоставки за постапување по иницијативата, поради што, согласно член 28 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Судот, одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply