200/1992-0-0

200/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 став 2 од Уставот на Република Македонија и член 70 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 17 март 1993 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА Одлуката за измена и дополнување на Програмата за поставуваме времени објекти на подрачјето на Општината Титов Велес за обавување на стопански и други дејности, донесена од Собранието на Општина Титов Велес на 29 мај 1992 година,.
2. Оваа одлука ќе се објави во “Службен весник на Република Македонија” и во “Службен гласник на Општина Титов Велес”.
3. Уставниот суд на Република Македонија, со Решение У.бр.200/92 од 16 декември 1992 година, по повод иницијативата на Јаковлевски Радослав од Титов Велес, поведе постапка за оценување законитоста на актот означен во точка 1 од оваа одлука, затоа што се постави прашањето за неговата согласност со закон.
4. На седницата Судот утврди дека со оспорената одлука се определени локалитети на кои се поставуваат времени објекти, се додаваат одредби за спроведување на програмата и дека пред донесување на одлуката не е дадена претходна согласност од Министерството за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија.
5. Според член 34-б од Законот за изградба на инвестициони објекти (“Службен весник на СРМ” бр.15/90 и 11/91), за поставување времени објекти, собранието на општината односно Собранието на град Скопје донесува програма по претходна согласност на републичкиот орган на управата надлежен за работите на урбанизмот.
Со оглед на тоа што пред донесувањето на оспорената одлука не е дадена согласност од Министерството за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија, Судот оцени дека таа не е во согласност со означената законска одредба.
5. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply