263/1992-0-0

263/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 алинеја 1 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 10 март 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на членовите 2 и 196-в од Законот за претпријатија (“Службен лист на СФРЈ” бр.77/88, 40/89, 46/90 и 61/90), кој, согласно член 5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија, е преземен како републички закон.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Ченгов Душко од Скопје му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на оспорените членови од законот означен во точка 1 од ова решение, затоа што со нив договорните организации се третирале како општествени претпријатија, иако тие се организирале со вложување на лични средства и труд на работниот човеко, заради вршење на стопанска дејност, што не било во согласност со Уставот.
3. Судот на седницата утврди дека во Законот за претпријатијата (“Службен лист на СФРЈ” бр.77/88) договорните претпријатија беа предвидени како посебна форма на претпријатија (член 133-137). Притоа, во член 133 од Законот беше утврдено дека договорната организација што ја основа работниот човек и во неа поради вршење на стопанска дејност здружува труд и свои средства со трудот на други лица работи како договорно претпријатие.
Со измените и дополнувањата на Законот за претпријатијата, објавени во “Службен лист на СФРЈ” бр.46/90), договорните претпријатија престанаа да постојат како посебен вид на претпријатија, а според член 196-в од овој закон, постојните договорни претпријатија требаше да донесат одлука за организирање и продолжување на работата како претпријатие во мешовита сопственост во рок од една година, од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Со измените и дополненијата на Законот за претпријатијата, објавени ви “Службен лист на СФРЈ” бр.61/90, член 196-в е променет во смисла на давање можност договорните претпријатија да продолжат да работат како претпријатија во општествена сопственост, задружна, мешовита или приватна сопственост, во зависност од видот на сопственоста на средствата вложени во нив.
Од изнесените законски одредби произлегува дека договорните претпријатија како посебен вид на претпријатија веќе не постојат, туку поранешните договорни претпријатија треба да се организираат во еден од облиците на претпријатија предвидени во член 2 од Законот за претпријатија, во зависност од видот на средствата вложени во нив, па и како приватни претпријатија.
4. Со член 55 од Уставот на Република Македонија се гарантира пазарот и претприемништвото и се обврзува Републиката да обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и да преземе мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот.
5. Судот на седницата утврди дека во Законот за претпријатијата (“Службен лист на СФРЈ” бр.77/88) договорните претпријатија беа предвидени како посебна форма на претпријатија (член 133-137). Притоа, во член 133 од Законот беше утврдено дека договорната организација што ја основа работниот човек и во неа поради вршење на стопанска дејност здружува труд и свои средства со трудот на други лица работи како договорно претпријатие.
Со измените и дополнувањата на Законот за претпријатија, објавени во “Службен лист на СФРЈ” бр.46/90), договорните претпријатија престанаа да постојат како посебен вид на претпријатија, а според член 196-в од овој закон, постојните договорни претпријатија требаше да донесат одлука за организирање и продолжување на работата како претпријатие во мешовита сопственост во рок од една година, од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Со измените и дополненијата на Законот за претпријатијата, објавени во “Службен лист на СФРЈ” бр.61/90, член 196-в е променет во смисла на давање можност договорните претпријатија да продолжат да работат како претпријатија во општествена сопственост, здружен, мешовита или приватна сопственост, во зависност од видот на сопственоста на средствата вложени во нив.
Од изнесените законски одредби произлегува дека договорните претпријатија како посебен вид на претпријатија веќе не постојат, туку поранешните договорни претпријатија треба да се организираат во еден од облиците на претпријатија предвидени во член 2 од Законот за претпријатија, во зависност од видот на средствата вложени во нив, па и како приватни претпријатија.
6. Со член 55 од Уставот на Република Македонија се гарантира пазаот и претприе,ништвото и се обврзува Републиката да обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и да презема мерки против монополската положба и мнополското однесување на пазарот.
Со член 58 став 1 од Уставот е предвидено дека основ за управување и учество во одлучувањето на стопанските субјекти е сопственоста и трудот. Притоа, во Уставот на Република Македонија не се определени видовите на сопственост, ниту видовите на претпријатија.
Имајќи ги предвид изнесените уставни одредби Судот смета дека нема уставни пречки со член 2 од Законот за претпријатијата да се утврдат видовите на претпријатијата, во зависност од видот на вложени средства во нив, а со член 196-в од Законот да се даде можност постоечките договорни претпријатија да се организираат во еден од видовите на претпријатија предвидени во член 2 од Законот, како рамноправни правни субјекти.
Со оглед на изнесеното, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на оспорените одредби со означените уставни одредби.
Дали, пак, оспорените одредби од Законот правилно се применуваат од надлежните органи, Судот, согласно член 110 од Уставот, не е надлежен да одлучува.
7. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точка 1 од ова решение.
8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply