192/1992-0-0

192/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член71 од Деловникот на уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 27 јануари 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на членовите 10, 11, 12 и 13 од Правилникот за основите и мерилата за самоуправно уредување на односите во стекнувањето и распоредувањето на доходот и распределбата на средствата за лични доходи, заедничка потрошувачка и други лични примања и надоместоци на работниците во Работната заедница на Секретаријатот за информации на Извршниот совет на Собранието на СРМ, донесен со референдум на 27 јули 1989 година и на Табеларниот преглед на работите и задачите, кој е составен дел на Правилникот, во целот со кој се извршени измени на вреднувањето на работното место шеф на кабинетот, донесен од министерот за информации на 24 февруари 1992 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива од Петровска Катерина од Скопје, за поведување постапка за оценување законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение, затоа што со нив било извршено неправилно вреднување на сложеноста, одговорноста и условите за раббота на оперативно техничкире тработи кои од 4 група биле префрлени во 1 група на високостручни работ, што не било во согласност со закон, и со уредбите за номенклатурата на групите на задачите и за општите начела на внатрешна организација на органите на управата.
3. На седницата Судот утврди дека во членовите 10, 11,12 и 13 од оспорениот правилник се утврдени и вреднувани основите сложеност, одговорност и услови за работа, при што секој од наведените основи се разчленети на подоснови. Врз основа на ова вреднување е изготвен табеларен преглед на работите и работните задачи, во кој секој од основите е вреднуван.
Понатаму, Судот утврди дека е извршена измена на Правилникот, врз онсова на која е направена измена на Табеларниот преглед, при што и работното место технички секретар-шеф на кабинет, е вреднувано во 1 група на креативно високостручни работи.
4. Според член 219 од Законот за органите на управата (“Службен весник на СРМ” бр.40/90 и 41/90), во рамките на средствата за работа на органите на управата, во зависност од видот, обемот и квалитетот на извршените задачи, работниците во органите на управата стекнуваат лични доходи во согласност со закон, колективен договор и прописите донесени врз основа на закон.
Според член 221 став 1 од Законот, врз основа на оценката за вредноста, сложеноста, одговорноста и обемот на одделните видови работи и задачи, како и квалитетот на работите и задачите функционерот кој раководи со органот на управата со општ акт го определува конкретниот коефициент што ќе служи како основа за пресметување на личниот доход на работниците во рамките на коефициентите определени со став 2 и 3 од овој член.
Со оглед на тоа што во конкретниов случај старешината на органот, врз основа на член 221 од Законот, согласно сложеноста, одговорноста и условите за работа го утврдил личниот доход на работниците во органот, а во тие рамки и личниот доход на техничкиот секретар-шеф на кабинетот, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на оспорените одредби од актите означени во точка 1 од ова решение со Законот.
5. Што се однесува до наводот во иницијативата дека оспорените правилници не се во согласност со означените уредби на Владата на Република Македонија, Судот утврди дека, согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, за нивната меѓусебна согласност не е надлежен да одлучува.
6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply