249/1992-0-0

249/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонја, врз основа на член 28 став 1 алинеја 1 и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, на седницата одржана на 20 јануари 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување законитоста на регистрирањето нов возен ред на Приватното претпријатие “Охрид-Експрес” од Охрид на релација Охрид-Скопје-Охрид во периодот од 20 јануари до 31 декември 1991 година, извршено од Републичкиот комитет за урбанизам, градежништво, сообраќај и заштита на човековата околина на 16 јануари 1991 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива од Акционерското друштво за превоз на патници “Галеб” во Охрид за оценување законитоста на регистрирањето означено во точкат 1 од ова решение, затоа што со него се востановувал нов возен ред на наведената релација и за означениот период, иако со член 42 од Законот за превоз во патниот сообраќај било определено превозот на патници да се врши според постојните возни редови до 1 јуни 1991 година, поради што регистрирањето не било во согласност со закон.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека не е надлежен да одлучува по неа, затоа што не се бара оценување законитоста на пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, туку на конкретно постапување на надлежен орган, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан рсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.

Leave a Reply