186/1992-0-0

186/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 112 од Уставот на Република Македонија и на член 70 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, на седницата одржана на 23 декември 1992 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ ПОНИШТУВААТ
а) членовите 4 и 5 од Одлуката бр.02-7427/2 за измена и дополнување на Одлуката за надоместок на услугите што ги врши Јавното комунално претпријатие “Комуналец” во Скопје, донесена од Работничкиот совет на Претпријатието на 5 август 1992 година; и
б) членовите 4 и 5 од Одлуката бр.02-7427/3 за измена и дополнување на Одлуката за надоместок на услугиге што ги врши Јавното комунално претпријатие “Комуналец” во Скопје, донесена од Работничкиот совет на претпријатието на 5 август 1992 година.
2. Оваа одлука же се објави во “Службен весник на Република Македдонија” и во “Службен гласник на Град Скопје”.
3. Уставниот суд на Република Македонија, со Решение У.бр.186/92 од 7 октомври 1992 година, по иницијатива на Димитар Митрушевски од Скопје, поведе постапка за оценување уставноста на одлуките означени во точката 1 од оваа одлука, затоа што се постави прашањето за нивната согласност со Уставот на Република Македонија.
4. На седницата Судот утврди дека со оспорените одлуки се утврдуваат нови повисоки цени на водата за пиење, услугите за канализација и услугите за подигање, транспортирање и депонирање на сметот и дека во членовите 4 и 5 е предвидено одлуките да влезат во сила и да се применуваат од 1 јули 1992 година, односно пред нивното донесување.
5. Согласно член 52 став 4 од Уставот на Република Македонија законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога е тоа поповолно за граѓаните.
Со оглед на тоа што означените одлуки се донесени на 5 август 1992 година, а со оспорените одредби се предвидува тие да влезат во сила и да се применуваат од 1 јули 1992 година, Судот оцени дека тие имаат повратно дејство. Понатаму, заради околноста што со одлуките обврската на граѓаните не се намалува, туку се зголемува, Судот оцени дека нивното повратно дејство не е поповолно за граѓаните, поради што одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

Leave a Reply