152/1992-0-0

152/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 12 став 1 алинеја 4 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 4 ноември 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуката за пренесување на интерните акции на работниците на име на купувач, наводно донесена од Управниот одбор на Друштвото со ограничена одговорност “Белица” во Македонски Брод на 18 јуни 1992 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актот наведен во точката 1 од ова решение, затоа што врз негова основа во Друштвото била спроведна кампања во која вработените биле наведени да потпишат изјави со кои на директорот му ги пренесуваат своите акции.
3. На седницата Судот утврди дека не постои акт со содржина како што се наведува во иницијативата.
4. Со оглед на тоа што не постои општ акт со содржина како што се наведува во иницијативата, Судот оцени дека нема процесни претпоставки за одлучување, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

Leave a Reply