51/1992-0-0

51/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 12 став 1 алинеја 1 и член 20 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 1 јули 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето Уставниот суд на Република Македонија да даде стручно објаснување за водењето на постапката за регистрација на Заедницата на демократската младина во Македонија и Тетово.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесено барање да даде стручно објаснување за тоа пред кој орган означената заедница треба да се обрати заради сопствено регистрирање, со оглед на тоа што првостепениот орган на управата не постапил по насоките на Врховниот суд на Македонија, изнесени во пресудања донесена во управен спор во поглед на утврдувањето на законитоста на статут на таа партија како претходен услов за нејзино регистрирање, согласно одредбите од Законот за општествените организации и здруженија на граѓаните.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека со неа не се бара оценување уставноста на програма или статут на политичка партија и здружение на граѓаните, ниту заштита на слободите и правата од член 110 од Уставот на Република Македонија, туку стручно мислење за начинот на спроведување на започнатата постапка за регистрација на означената заедница, за што Судот не е надлежен да одлучува.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

Leave a Reply