45/1992-0-0

45/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 12 став 1 алинеја 1 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 3 јуни 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување законитоста на Одлуката за укинување на Одлуката за преотстапување на зградата “Млечен ресторант” во градскиот парк во Кавадарци бр.08-3894/7, донесена од Собранието на Општина Кавадарци на 27 декември 1991 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на Одлуката означена во точка 1 од ова решение, затоа што со неа Собранието на Општината Кавадарци му го одзела правото на користење и управување на објектот “Млечен Ресторант” во Градскиот парк во Кавадарци на Општественото претпријатие “Унион мак” во Кавадарци, што не било во согласност со закон.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека со неа не се бара оценка на законитоста на пропис или поединечен акт во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, според кој Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на прописите и колективните договори со Уставот и со закон, ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност.
Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

Leave a Reply