207/1991-0-0

207/1991-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 20 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Република Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 19 февруари 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето на подносителот на иницијативата Уставниот суд на Република Македонија да наложи враќање на предмети и парични средства – девизи, одземени од Секретаријатот за внатрешни работи на Општината Тетово.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесено барање да се вратат предметите и парични средства – девизи, кои му биле одземени на подносителот на барањето при претрес на куќата.
3. Разгледувајќи го барањето, Судот утврди дека не е надлежен да одлучува, затоа што не се бара оценување уставноста и законитоста на пропис или поединечен акт во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

Leave a Reply