182/1991-0-0

182/1991-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 12 став 1 алинеја 1 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Република Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 22 декември 1991 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување уставноста и законитоста на актот за начинот на пресметување на средствата за личните доходи на вработените од подрачните единици на министерствата и управните организации на Република Македонија, донесен од Министерството за финансии на 7 јули 1991 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со него, при учеството во распределбата на средствата за лични доходи, затечените работници во министерствата и управните единици на Република Македонија се доведувале во поповолна положба во однос на преземените, што не било во согласност со Уставот и со закон.
3. Согласно член 19 став 2 од Законот за органите на управата (“Службен весник на СРМ” бр.40/90) органите на управата, во рамките на правата и должностите на Републиката, ги извршуваат законите, другите прописи и општи акти на Собранието и прописите и општите акти на Владата, со непосредно применување на тие закони, прописи и општи акти односно со обезбедување на нивното извршување. Согласно член 119 став 1, пак, од овој закон министерството за финансии, меѓу другото, ги врши работите што се однесуваат на изготвување и извршување на Републичкиот буџет и на завршната сметка на Републичкиот буџет.
Согласно изнесените законски одредби, актот за Министерството за финансии, со кој се објаснуваат основите за пресметување на средствата за лични доходи на вработените во органите на управата и на другите корисници на Републичкиот буџет, не претставува пропис, туку постапување на Министерството во остварување на грижата за единствена примена на Републичкиот буџет, поради што Уставниот суд, согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, утврди дека не е надлежен за оценка на неговата уставност и законитост и одлучи како во точката 1 од ова решение.

Leave a Reply