Учество на свеченото отворање на судиската година на Европскиот суд за човекови права, Стразбур

Учество на свеченото отворање на судиската година на Европскиот суд за човекови права, Стразбур

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-ѓа Елена Гошева, на покана на претседателот на Европскиот суд за човекови права Дин Шпилман, присуствуваше на свечената седница на Европскиот суд за човекови права која по повод на официјалниот почеток на судиската година на тој суд се одржа на 30 јануари 2015 година. На настанот присуствуваа претседателите на највисоките судски инстанци од цела Европа кои учествуваа на семинарот кој се одржа по тој повод, на тема: Супсидијарноста: паричка со две страни? Излагачи на семинарот беа судиите на Европскиот суд за човекови права Џулија Лафранк, Анџелика Нусбергер и Пол Леманс, како и судијата на Уставниот суд на Италија Сабино Касесе и Жан Марк Сове, потпретседател на Државниот совет на Франција.