Соопштение

Соопштение по завршената XXIII-та седница на Уставниот суд

Денеска се одржа XXIII-та седница на Уставниот суд на која се расправаше по две иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и Судот одлучи да:

1.Реферат У.бр. 112/2021- не поведе постапка за членот 38 став 3 од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Маке-донија“ бр. 23/2013, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015, 27/2016, 163/2017, 21/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2019, 146/2019, 275/2019 и 311/2020).

Подносители на иницијативата:Христијан и Христина Георгиевски, адвокати од Куманово

2.Реферат У.бр.35/2022 – не поведе постапка за членот 6 став 2 и член 6-а) од Законот за судските такси („Службен весник на Република Македонија” број 114/2009, 148/2011, 106/2013, 166/2014 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 257/2020).

Подносител на иницијативата: Ивана Тасевска