Соопштение

Соопштение по одржаната XX-та седница на Уставниот суд

По одржаната седница на која присуствуваа сите петмина судии денеска(22.06.2022) Уставниот суд одлучи да:

1.Реферат У.бр.92/2021 и Реферат У.бр.95/2021- ги отфрли иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста

Oспорен: Членот 1 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија бр.187/2021)

Подносители на иницијативата: Дарко Јаневски и Сашко Јовановски, Даница Трпковска и Златко Јолески адвокати од Скопје

2.Реферат У.бр.36/2022- Предлогот за одлучување во овој предмет не го доби потребното мнозинство гласови.

Оспорен: Членoт 2 од Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надоместок за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надомест за приватизација на градежно земјиште(„Службен весник на Република Северна македонија” бр.81/2022), донесена од Владата на Република Северна Македонија

Подносител на иницијативата: Емануел Тасев

Реферат У.бр.40/2022- ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста

Оспорен: Точка 2 реден број 11 и точка 3 реден број 18 од Правилникот за систематизација на работните места во Јавната Установа Меѓуопштински центар за социјална работа од Штип бр. 01-754/1 од 25. 06. 2019 година

Подносител на иницијативата: Сузана Цветкова