Соопштение

Соопштение по одржаната I-ва седница на Судот

Почитувани ,
Уставниот суд денеска ја одржа првата седница за 2022 година на која присуствуваа сите пет судии. По расправа за предметите од денешниот дневен ред ги донесе следните решенија:

У.бр.128/2019
Подносител: Ѓорги Илиевски од Скопје

Предлогот на судијата-известител за поведување постапка за оценување на уставноста на член 174 ставови 8 и 9 и член 176 став 3 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018), не го доби потребното мнозинство гласови и за овој предмет ќе се одлучува на некоја од наредните седници на Судот.

У.бр.60/2021
Подносител: Златко Јолески, адвокат од Скопје

Судот донесе решение за неповедување постапка за оценување на уставноста на член 19 став 17 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019, 14/2020 и 215/2021);

У.бр.79/2021
Подносител: Бензински пумпи ДООЕЛ Кочани од Кочани

Судот донесе решение за неповедување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката бр.09-360/1 од 31.01.2020 година на Советот на Општина Кочани(„Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 1/2020) и Одлуката бр.09-317/1 од 28.01.2021 година на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на општина Кочани“ бр. 2/2021) и ја отфрли иницијативата во делот со кој се бара оцена на меѓусебната согласност на оспорените одлуки со Уредбата за определување и реонизација на зони на градовите и населените места, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и со Методологијата за процена за пазарната вредност на недвижен имот;

У.бр.108/2021
Подносител: Шенол Ризванче преку полномошник Вергин Шабани, адвокат од Гостивар

Расправата и одлучувањето се одложи за некоја од наредните седници на Судот, поради доставување на дополнителни информации од општина Гостивар.

У.бр.96/2021
Подносител: Николче Мушаревски од Скопје

Судот донесе решение со кое се отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на член 1 став 2 од Гранскиот колективен договор за изменување и дополнување на Гранскиот колективен договор за органи на државната управа, стручните служби на Владата на РСМ, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на Градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.172/2021).