Соопштение

Соопштение по одржаната XXIX-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XXIX-та седница (денeс, 3 ноември 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.140/2018);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 14 алинеја 5 и член 67 став 4 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/2014, 33/2015, 98/2015, 6/2016,198/2018 и 248/2018);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 9 ставови 1 и 3 од Законот за Фондот за осигурување на депозити („Службен весник на Република Македонија“ бр.63/2000, 29/2002, 49/2003, 66/2003, 81/2008,158/2010, 43/2014, 15/2015, 153/2015, 27/2016, 83/2018);

– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 2 став 2 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2019);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста членот 46 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.167/2015, 27/2016, 120/2018, 110/2019 и 267/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 58 ставови 1 и 2 и член 62 ставови 4 и 5 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија” бр.82/2018);

– не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за начинот на спроведување на полугодишното интервју, формата и содржината на обрасците за оценување, формата и содржината на извештајот со ранг листа на годишните оценки како и содржината на извештаите и начинот на оценување на судските службеници во други околности во целина и делот „1“ од член 6 став 7, член 8 став 2, член 11 став 1 и 3, делот „5“ од член 6 став 3, член 7 став 1, 2, 3, 4 и 5, член 8 став 2, член 11 став 1 и 3 од наведениот правилник, донесен од министерот за правда („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2020) и

– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на членот 14 од Уредбата за начинот и постапката за утврдување на вредноста на имотот кој е предмет на денационализација („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2000 и 19/2001), донесена од Владата на Република Македонија.