Соопштение

Соопштение по одржаната XXVII-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XXVII-та седница (денeс, 20 октомври 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста на членoт 160 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15 и 71/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19 и 14/2020) и Правилникот за утврдување на висината на посебниот додаток на офицерите со генералски чинови заради вршење на стручни работи за организирање, подготвување и командување со Армијата, донесен од министерот за одбрана, бр.01-1155/1 од 15.2.2012 година;

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 8 став 1 и член 34 став 1 од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 19/2021 и 74/2021) и ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 51 од истиот закон;

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 57 став 3 во делот „или е под суспензија или е укинат“ од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/2020);

– ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 точка 1 алинеји 1, 2 и 3 од Правилникот за изменување и дополнување за систематизација на работни места во ЈУ „Меѓуопштински Центар за социјални работи-Штип“ бр.01-754/1 од 25.6.2019 година; и

– го отфрли предлогот за решавање на судир на надлежност по предметот У.бр.95.2019.

Расправата по предметите У.бр.82/2021 и У.бр.272/2020 се одложи за некоја од наредните седници на Судот.