Соопштение

Средба на претседателот на Судот, Сали Мурати и судиите на Уставниот суд со претставници на Големото национално собрание на Република Турција

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати и судиите на Уставниот суд, утре (22 декември 2020 година), ќе остварат средба со делегацијата на Република Турција предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, г. Мустафа Шентоп.

Посетата на турската делегација во Република Северна Македонија е по повод одбележувањето на 21 Декември, Денот на настава на турски јазик.