Соопштение

Присуство на годишното обраќање на претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. г. Стево Пендаровски, во Собранието на Република Северна Македонија

На покана на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, присуствуваше на Дваесет и третата седница на Собранието на која претседателот на Републиката, г. Стево Пендаровски го имаше своето годишно обраќање.