Виртуелна Регионална конференција на уставни судови

Виртуелна Регионална конференција на уставни судови на тема: „Издвоени мислења при одлучувањето на уставните судови“

На покана од Германската фондација за меѓународна правна соработка регионално здружение (ИРЗ) и Уставниот суд на Босна и Херцеговина, претседателот и судиите на Уставниот суд на Република Северна Македонија учествуваа на он лајн Регионална Конференција на тема „Издвоени мислења при одлучувањето на уставните судови“.

Поради рестрикциите со кои се соочува Регионот од пандемијата со КОВИД-19, традиционалната Регионална Коференција годинава се одржува виртуелно и има за цел да се споделат искуствата и да се спореди досегашната уставно – судска пракса по горенаведената тема.

На Конференцијата, покрај Уставниот суд на Република Северна Македонија. како и секоја година, учество зедоа сите уставни судови од бившите ЈУ- простори и др. Штефан Пирнер, адвокат и раководител на проектот за подрачје на Југоисточна Европа на Германската фондација за меѓународна правна соработка регионално здружение (ИРЗ) и професор д-р Михаел Ајхбергер, поранешен сојузен уставен судија на Германскиот Сојузен уставен суд.

На темата на Конференцијата, свое излагање имаше претседателот на Судот, Сали Мурати на тема „Презентација на издвоените мислења кај одлуките на Уставниот суд на Република Северна Македонија“, а во дискусијата се вклучија и другите судии.

На крајот, од страна на д-р Штефан Пирнер, од претседателот на Судот, Сали Мурати како и од сите други претседатели беше констатирано да се продолжи со одржување на овие Регионални конференции за прашања од уставната правда.