Соопштение

Соопштение по одржаната XXXI-ва седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XХXI седница (вчера, 12 ноември 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дополнетиот дневен ред одлучи да:

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 64 од Законот за денационализација („Службен весник на Република Македонија“ бр.20/1998, 31/2000, 42/2003, 44/2007, 72/2010, 171/2010, 55/2013, 33/2015 И 104/2015);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 54 став 1 точки 1-9 и став 2 точки 1, 2 и 3 од Правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 65/2019);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Заклучокот бр.08-2528/12 од 27 јуни 2019 година, донесен од Советот на Општина Струга ;

– го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот во предметот У.бр.250/2020; и

– го уважи барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот во предметот У.бр.230/2020.

Расправата и одлучувањето по предметот У.бр.38/2020 беше одложено за една од наредните седници.