Соопштение

СООПШТЕНИЕ

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XХIX седница (денeс, 28 октомври 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 3 во делот „- дали за извршената услуга за поднесување на пријавата за упис на основање трговец поединец и трговско друштво постапува согласно со членот 35 став (7) од овој закон“ од членот 34-е и на членот 3 во целост од Законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2016);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 18 став 2 во делот „став 2“ и член 46 став 2 во делот „за спроведување на постапката од ставот (1) на овој член“ од Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на Република Македонија“ бр.92/2007, 136/2013, 25/2013, 137/2013, 164/2013, 158/2014, 15/2015, 129/2015, 192/2015, 30/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 18/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 9 став 1 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018,140/2018, 208/2018 и 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/2019 и 42/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на делот „Биро за лекови“ од член 5 ставови 2 и 5, член 6 став 4, член 7 став 1 и 4 и член 10 став 1 од Законот за забрана на развивање, производство, складирање и употреба на хемиски оружја („Службен весник на Република Македонија“ бр.71/2006, 136/2011 и 37/2016).

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации како и за времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, бр. 09-3172/3 од 18.03.2020 година, донесена од Советот на Општина Охрид („Службен гласник на Општина Охрид“ бр.4/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот COVID-10 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.106/2020 од 21 април 2020 година).

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 2 став 1 точка 1, член 2 став 1 точка 3 во делот „и високото додипломско образование на Република Северна Македонија (редовни студенти на универзитети основани од Република Северна Македонија) согласно со евиденцијатана Министерството за образование и наука“, член 2 став 4, член 3 став 3, член 5 став 3 и член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓаните и вработените лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за врема на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.137/2020, 147/2020, 151/2020, 156/2020 и 157/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 154/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.126/2020 од 15 мај 2020 година); и

– го одбие барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот во предметот У.бр.86/2018.

Судот одлучи расправата и одлучувањето по предметите У.бр.143/2019 и У.бр.184/2020 да се одложи за една од наредната седница.